Надал го допрел дното во 2015. година: Имав страв дека ќе се задушам од сопствената плунка

Дерби

21/05/2026

13:51

201

Големина на фонт

а а а

Нетфликс го најави документариот серијал во чест на Рафаел Надал кој ексклузивна премиера ќе има на 29-ти мај, а како најава за непознатите анегдоти кои ќе бидат презентирани, легендарниот шпански тенисер реши да седне на маса со „Марка“ на краток разговор.

Надал открива дека во серијалот од четири епизоди ќе бидат објавени работи кои се непознати за јавноста, па реши да се исповеда и за кризата која ја имал во 2015-та година.

Поради акумулиран стрес и жестока битка со разни повреди, Надал открива дека го допрел дното во 2015-та година, кога поради психолошки проблеми побарал помош од професионални лица.

– Имав тешка психолошка состојба во 2015-та година. Имав лоши епизоди, но тоа траеше една година. Не можев да го контролирам својот живот, не само случувањата на теренот, туку и надвор од него. Едно е да ги контролираш емоциите на теренот, а друго е кога шеташ сам со шише вода од страв дека ќе се задушиш од сопствената плунка. Имаше моменти кога не можев да голтам и се шетав со шише во раката кога излегував надвор.

– Дојдов до ситуација кога си реков: Имам проблем и мора да одам кај професионалец. Отидов кај психолог, а тој ме препрати на психијатар. Ми дадоа лекови кои ми овозможија да се опоравам и борбата траеше неколку месеци. Ми кажаа дека ќе се подобри ситуацијата после неколку месеци и тоа и се случи, – открива Надал.

Рафа во својата кариера освои 22 грен слем трофеи, дури 14 на Ролан Гарос, па навистина со нетрпение се очекува премиерата на документарецот кој се очекува да привлече големо внимание.