[ВИДЕО] Седлоски го започна пресот со изјава за невкусната прослава: Се извинувам јас лично, но и во име на сите играчи на Вардар

Дерби

21/05/2026

14:57

549

Големина на фонт

а а а

Гоце Седлоски како селектор на најсилната македонска фудбалска репрезентација направи најава за двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина и Турција, но пред да дојде ред да збори за изборот на фудаблери и очекувањата кои ги има од двата теста, предводникот на националниот тим го почна обраќањето со извинување до цела јавност.

Причина за тоа беше непријатното видео кои исциркулира во јавноста од шампионската прослава на Вардар во Струга, материјал на кој се слушна дискриминирачка песна кон најголемата македонска поп-ѕвезда во моментов, Каролина Гочева.

– Како прво, би сакал во мое лично име и во името на сите фудбалери на Вардар, да се извинам на цела македонска јавност за песната која се пееше на прославата во Струга, – изјави Седлоски на самиот старт на пресот.

Ова извинување од селекторот доаѓа во период кога се крена голем прав на оваа тема и после низа реакции од Масар Омерагиќ како претседател на ФФМ и Борко Ристовски како прв човек на Министерството на спорт, па за очекување е оваа тема набрзо да биде затворена и со дисциплински мерки од страна на Федерацијата.

ФФМ најави дека е отворена истрага против Вардар за недоличното однесување и дискриминирачката песна, па во скоро време ќе се дознае и казната која ќе ја заработи клубот, или одредени поединци од првиот тим.