Новак Ѓоковиќ ги започна завршните подготовки за Ролан Гарос, а на еден од првите тренинзи беше забележан со нов тренер и големо засилување во стручниот штаб.
Станува збор за неговиот сонародник Виктор Троицки кој веќе соработуваше со Ѓоковиќ на Олимписките игри во Париз, па сега останува да се види дали оваа соработка ќе биде на само за одреден период, или ќе биде долгорочно решение за двајцата.
Ѓоковиќ стана олимписки шампион токму со Троицки во својот табор, па сигурно се надева дека ќе му донесе среќа и во обидот да стигне до толку посакуваната 25-та грен слем титула.
Ноле во изминатиот период говореше дека негов главен тренер може да биде само човек кој доволно добро го познава, а Троицки дефинитивно ги исполнува таквите услови, од една страна поради пријателскиот однос од играчките денови, но и како селектор на Дејвис Куп репрезентацијата на Србија.
Детали од договорот се уште не се познати, но повеќе на оваа тема се очекува да се дознае на официјалната прес-конференција која ќе ја одржи Ѓоковиќ претстојниот викенд.







