Фудбалерите на Челси издвојуваа победа над Тотенхем од 2-1 во последниот натпревар од 37. коло во англиската Премиер лига.
Ова за „сините“ е прво славје на домашен терен во ПЛ по 31 јануари кога на драматичен начин беше совладан Вест Хем со 3-2 или севкупно гледано конечно се избори за лигашки триумф од 4 март кога ја надигра Астон Вила на „Вила Парк“ (4-1).
Енцо Фернандез беше човек на одлука, во првиот дел се запиша во листата на стрелци, додека во второто полувреме му асистираше на Сантош за 2-0. Почесниот гол за „петлите“ беше дело на Ришарлисон во 74 минута.
Овој резултат значи дека Челси сега е осми и може да избори пласман во европските купови, додека Тотенхем ќе мора во завршното коло да обезбедува прволигашки статус.
Избраниците на Де Ѕерби имаат два бода повеќе од Вест Хем, Тотенхем го пречекува Евертон, додека „чеканите“ играат со Лидс Јунајтед.







