Екипата на Манчестер Сити не успеа да го положи последниот гостински испит за оваа сезона во Премиер лигата, а тоа автоматски значеше дека Арсенал по пауза од 22 години е нов англиски шампион.
На „граѓаните“ им беше потребен триумф против Борнмут во претпоследното 37. коло, меѓутоа избраниците на Пеп Гвардиола освоија само бод и тоа со гол 95. минута, односно овие 1-1 не беа доволни за да се задржи неизвесноста во трката за пехарот до завршната рунда.
Инаку Борнмут поведе во првото полувреме преку Крупи, во вториот дел имаше прилики да го потврди триумфот, но откако тоа не се случи Халанд во последните секунди спречи пораз на Сити на „Виталити“.
Со ова „црешите“ официјално обезбедија пласман во Европа, додека Сити како вицешампион ќе ја заврши натпреварувачката 2025/2026.







