Капитенот на Интер и воедно аргентински репрезентативец, Лаутаро Мартинез го издвои играчот кој според него е најдобар напаѓач на светот.
Лаутаро има квалитети, знаење и дефинитивни припаѓа на групата на најквалитетни „деветки“ на планетава, но тој беше искрен и даде одговор за тоа кој е број еден.
Неговиот глас оди кај Хари Кејн поради се што прави како офанзивец, дава голови, асистира, а и учествува во грањето на акциите на клубот и националниот тим.
-Хари Кејн. Го ставам пред Халанд поради неговата контрола на топката, поврзаноста со играта, читањето на играта и ударите со глава. Феномен, -одговорол Аргентинецот за „Газета Дело Спорт“.







