Кин распали по Бруно и Јунајтед: Вриев од бес после тоа што го видов во неделата, затоа никогаш нема да освојат титула!

Дерби

19/05/2026

14:50

294

Големина на фонт

а а а

Рој Кин и во минатото знаеше да биде критички настроен кон Бруно Фернандеш кого го нарече „премек капитен“ и играч кој често плаче за одредени ситуации на теренот, но во денови кога сите зборуваат за рекордот на Португалецот по бројот на запишани асистенции, Ирецот распали уште повеќе по португалската ѕвезда.

Фернандеш на мечот со Нотингем Форест стигна до 20-та асистенција во една сезона и го израмни рекордот на Тјери Анри и Кевин Де Брујне, а бидејќи овој учинок брзо стана топ тема во јавноста и се пренесе со низа реакции во медиумите, Кин сега реши да го истури сиот свој бес во „Оверлап“ шоуто на „Скај Спортс“.

Поранешниот капитен на Јунајтед смета дека целиот тим на Јунајтед се фокусирал на Бруно и на неговиот обид да постави индивидуален рекорд, нешто што според него целосно се коси со суштината и природата на фудбалската игра.

– Вриев од бес после тоа што го видов во неделата. Сите разговори за неговите асистенции, па дури и соиграчите даваа изјави за тоа колку рекордот е важен. Сите зборуваа за асистенциите на Бруно, а никој за натпреварот. Целиот натпревар против Нотингем се сведе на неговите асистенции.

– Сам кажа дека во неколку наврати намерно додавал, наместо да шутира иако имал шанса за такво нешто. Уау, каков начин на размислување….. Да одиш на натпревар со цел да оствариш индивидуален рекорд, ми беше непријатно од се она што го видов во неделата.

– Кога асистираше до Мбеумо, сите соиграчи отидоа кај него и покажуваа со прст кон него, никој не му оддаде признание на Мбеумо. Со таков менталитет, овој тим никогаш нема да освојува трофеи. Со менталитет кога поважни ви се индивидуалните рекорди од тоа што сте примиле два гола, не може да одите далеку. Тоа за мене е несфалтиво и неприфатливо. Вистински циркус, – вели Кин во свој стил.