Радикалните навивачи влетаа на теренот и го прекинаа мечот, Халилхоџиќ тргна да се пресметува со маскираните лица

Дерби

18/05/2026

12:56

179

Големина на фонт

а а а

Натпреварите од последната рунда во француската Лига 1 дадоа одлука за тоа кој е последниот патник во Лигата на шампиони (Лил), но најголемиот хаос се случи на натпреварот кој немаше никакво значење, оној меѓу Нант и Тулуз.

Нант влезе во мечот без никаков императив бидејќи веќе беше испаднат и средбата почна со шпалир за Вахид Халилхоџиќ кој најави крај на тренерската кариера, но тоа што требаше да претставува завршно уживање за искусниот стручњак, на крајот се претвори во хулигански кошмар.

Најрадикалните навивачи на Нант влетаа на теренот и предизивкаа голем хаос, а во моментите на големо лудило, со несекојдневна реакција се прикажа и Халилхоџиќ.

Легендарниот Босанец тргна да се пресметува со дел од маскираните лица и во обид да ги спречи маскираните лица доби и некој удар, а еден човек од обезбедувањето успеа да го оттргне од намерата да ги смирува страстите.

Мечот беше прекинат во 22-та минута и воопшто не се доигра вчеравечер, а по истиот Халилхоџиќ беше уловен и во солзи во подтрибинскиот простор.

– Што да се каже после вакво нешто? Ситуацијата во клубот е сериозна. Испаднавме ов Втора лига, а денеска ситуацијата се влоши. Сигурно ќе има и казни за клубот и тажно е што завршува се на ваков начин. Ова беше мојот последен меч, сакав со мала победа да го завршам својот мандат во клубот, но видовте што се случи…..

– Тргнав кон маскираните лица, сакав да ги сопрам во намерата да прават хаос, но лицата од обезбедувањата ми рекоа дека тоа е невозможно. Мислев дека можам да разговарам со нив, дека ќе се смират. Имав таква луда идеја, но не беше баш најпаметна. Клубот не заслужува вакви сцени. Знам дека постои анимозитет кон претседателот, но Нант го претставуваме сите, не само претседателот. Во мојата 40-годишна кариера како тренер и играч, немам искусено вакво нешто. Ова ќе ме следи до крајот на животот, – изјави Вахид.