[ВИДЕО] Гризман емотивно се распадна и им се извини на фановите на Атлетико по последниот настап на „Метрополитано“

Дерби

18/05/2026

07:14

1.038

Големина на фонт

а а а

Антоан Гризман денеска го одигра последниот натпревар во дресот на Атлетико Мадрид на домашен терен, па сосема очекувано, се беше во знакот на Французинот на „Метрополитано“.

Францускиот фудбалски мајстор беше испратен како жива легенда и најдобар голгетер во историјата на клубот, а емоциите преовладаа на трибините, но и на самиот терен.

Гризман не можеше да ги сокрие солзите од пријатните изненадувања кои му ги приреди Атлетико оваа вечер, па по победата над Џирона со резултат 1:0, Антоан имаше и свој говор.

– Имав подготвено говор за овој завршен чин, но се отиде по ѓаволите. Прво и основно, сакам да ви се заблагодарам што останавте сите на своите столчиња за ова, вие сте неверојатни.

– Второ, знам дека некои ми простија, но знам дека некои уште не ми простиле. Ви се извинувам уште еднаш (мислејќи на трансферот во Барселона). Не бев свесен за љубовта која ја добивав тука, бев многу млад и направив грешка. Направив грешка и направивме се што е можно да се вратам и повторно да уживам тука.

– Љубовта која ја добив од вас е посилна од се. Не ви донесов титула во Ла Лига и Лигата на шампиони, но љубовта која ја добивам од вас ми значи повеќе, – изјави расплаканиот Гризман.