Пистонс потопен во „мајсторката“: Кливленд го понижи Детроит на негов терен

Дерби

18/05/2026

12:58

124

Големина на фонт

а а а

Како најдобар тим на истокот во регуларниот дел, Детроит влезе како главен фаворит за пласман во конференциското полуфинале, но тоа што требаше да претставува лесна задача, на крајот се претвори во тешка серија против Кливленд.

Не само што се покажа како тешка, Пистонси рано утрово доживеаја и вистинско понижување на домашен терен, па со болен пораз пред своите гледачи се поздравија со НБА плејофот.

По три добиени меча за двата тима, патникот во конференциското финале го одлучуваше „мајсторката“, која за разлика од други пресудни натпревари, овојпат беше целосно неинтересна.

Кливленд го демолираше Детроит и победи со 31 разлика на негов терен, па триумфот од 94:125 дефинитивно е добар потстрек и за тоа што следи во финалето со Њујорк.

Кливленд одигра извонредна тимска партија и дури четворица играчи беа двоцифрени со над 20 поени, а тоа беа Мичел, Мобли, Ален и Мерил.