Левандовски го напушти теренот со солзи во очите, Барса запиша рутинска победа на „Камп Ноу“

Дерби

18/05/2026

07:05

743

Големина на фонт

а а а

Роберт Левандовски денеска го одигра последниот натпревар на „Камп Ноу“ како играч на Барселона, а тоа сосема очекувано успеа да го разнежни и да предизвика емоции и кај искусен фудбалер како што е Полјакот.

За четири години во Барселона, Левандовски успеа да освои три титули во Ла Лига и покажа класа која ја препознаа фановите од Каталонија, кои денеска со стоечки овации го поздравија фудбалскиот мајстор од Полска.

Левандовски доби голем поздрав од навивачите кога го напушташе теренот во 85-та минута, а тоа направи да видиме и солзи кај легендарниот голгетер.

Полјакот мина навистина убав период во Барселона и самиот нагласи дека вечно ќе биде тесно поврзан со каталонскиот великан, кој на денот кога тој се поздравуваше со фановите успеа да слави победа со 3:1.

Бетис не му овозможи на Левандовски да се прости со гол, но затоа двапати стрелаше Рафиња, еднаш Кансело, а почесниот гол за гостите го постигна Иско од белата точка.