[ВИДЕО/ФОТО] Дупер и Young Dadi „претераа“: Новата соработка што уште првата вечер почна да се споделува насекаде

Точка

18/05/2026

10:10

262

Големина на фонт

а а а

Нова музичка соработка на Дупер и Young Dadi под наслов „Претера“ претставува современа песна со заразен рефрен и емоција. Бендот ја најавува и нивната активно летна концертна сезона со настапи во Битола и Охрид.

Нова музичка соработка од Дупер и Young Dadi вчеравечер премиерно пристигна на YouTube.

Претера“ носи модерна продукција, заразен рефрен и емоција која доаѓа природно, без форсирање. Песната звучи како спој на препознатливиот сензибилитет на Дупер и енергијата што Young Dadi ја носи во својот израз, па резултатот е песна што лесно влегува „под кожа“ веднаш по првото слушање.

Зад музиката и текстот стојат Борис Какуринов, Илчо Нечовски, Давид Даниловски (Young Dadi) и Андреј Николов, додека аранжманот е дело на Борис Какуринов и Андреј Николов.

Со новата песна, Дупер очигледно влегуваат во активно лето. Објавувањето на „Претера“ доаѓа во период кога Дупер активно се подготвуваат и за двата големи летни концерти. Бендот ова лето ќе настапи на две локации што веќе најавуваат силна концертна сезона – во Хераклеа во Битола на 18 јули, како и во Антички театар во Охрид на 5 август. Карти за концертите се достапни преку www.kupikarta.com.