Автомобилот е долг 5,2 метри и е позициониран помеѓу „Series 5“ и „Series 7“.
„Alpina“ и официјално влезе во нова ера под капата на „BMW Group“, а сега е претставен и првиот концепт од новата ера на овој бренд – „Vision BMW Alpina“.
Станува збор за луксузно купе кое го најавува идниот сериски модел на марката, планиран за 2027 година.

Новиот концепт претставува спој на перформанси и удобност, по кои „Alpina“ е препознатлива со децении.
Автомобилот е долг 5,2 метри и е позициониран помеѓу „Series 5“ и „Series 7“, а „BMW“ потврдува дека идниот сериски модел ќе биде инспириран токму од актуелната „седумка“.

Под хаубата се наоѓа V8 мотор, иако техничките детали сè уште не се откриени.
Од „Alpina“ порачуваат дека агрегатот нуди „длабок звук при ниски вртежи и изразен спортски карактер при високи“.

Дизајнот на концептот носи многу тенок LED светлосен потпис, осветлена „BMW“ маска и препознатлив „shark nose“ преден дел.
Посебно внимание привлекуваат легендарните „Alpina“ фелни со 20 краци – напред со пречник од 22, а назад дури 23 инчи.

Задниот дел го карактеризираат четири овални издуви и елегантен дифузер, додека ентериерот изгледа речиси подготвен за сериско производство.
Тука се и новиот „BMW Panoramic iDrive“ систем, екран за совозачот и минимален број физички команди.

Шефот на дизајн во „BMW Group“, Адријан ван Хојдонк, изјави дека целта ќе биде зачувување на идентитетот на „Alpina“, но прилагоден на модерното време.
„Vision BMW Alpina“ ќе ја има својата официјална јавна премиера на манифестацијата „Concorso d’Eleganza Villa d’Este“, додека продукцискиот модел се очекува во текот на наредната година.




















