Силва го „пецна“ Арсенал: Ако не бевме…

Дерби

15/05/2026

13:21

398

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити се уште има шанси да ја освои Премиер лигата во натпреварувачката 2025/2026, ама на две кола до крајот ништо не зависи од нив или поточно се во свои раце има лидерот Арсенал.

„Топчиите“ се лидери на табелата со два бода повеќе од Сити и ако остварат сигурно победи против Барнли и Кристал Палас тогаш по повеќе од две децении ќе го вратат лигашкиот трофеј во своите витрини.

Меѓутоа ќе мора двата натпревари да ги одбработат да терен, да дојдат до посакуваните резултати, но дури и во таборот на Сити како да не веруваат дека нивниот ривал може да направи грешки.

Видовме како Пеп Гвардиола излезе со комбиниран состав против Кристал Палас, а сега дојде и изјавата на искусниот Бернардо Силва кој иако го „пецна“ клубот од Лондон како веќе да признава, се помири со тоа дека нема да бидат англиски шампиони.

- Тие [Арсенал] растат и тоа е тим кој е заедно веќе пет години, па затоа е сосема природно што ќе истапат малку и ќе почнат да се борат за титули, па да, да видиме што ќе се случи. Верувам дека нашите главни ривали беа убедливо Ливерпул. Исто така, верувам, и знам дека ова е многу субјективно, дека ако не бевме во преодна сезона и ако не направивме толку многу грешки, ќе ја освоевме оваа лига.

- Не велам дека лесно ќе триумфиравме, но ќе ја освоевме оваа лига. Затоа е доста фрустрирачко, - порача Бернардо за „Атлетик“.