Баерн го посакува, Њукасл го отпиша: Размислуваме за наредната сезона…

Дерби

15/05/2026

15:01

213

Големина на фонт

а а а

Њукасл има лоша сезона на домашната сцена, сезона која може да донесе сериозни промени во играчкиот кадар кога е во прашање престојниот летен преоден рок.

Неколку значајни фудбалери можат да го напуштат Њукасл, има доста шпекулации, но засега најконкретни се вестите за офанзивецот Ентони Гордон.

Гордон се поврзува со Баерн Минхен, веќе има вести дека играчот има постигнато договор со клубот, па сега останува да се заврши потешката работа. Во таборот на премиерлигашот како да се свесни дека ќе го загубат англискиот репрезентативец и тренерот Еди Хау меѓу редови порача дека Гордон можеби нема веќе да одигра ниту минута за „страчките“.

- Во оваа фаза од сезоната, нашиот фокус природно е делумно насочен кон следната година. Ентони штотуку се врати од повреда; мислам дека тимот играше добро во негово отсуство. Да, нашиот фокус веќе е делумно насочен кон иднината, - истакна Хау кој запрашан дали има поконкретни информации за темата, тој одговори:

- Не, ништо, нема новости од мене. Ова се дискусии што потенцијално би можеле да се случуваат, но не со мене, - рече стратегот.

Гордон има договор со Њукасл до 2030 година.