Синер: Не играм за да соборувам рекорди…

Дерби

15/05/2026

12:19

184

Големина на фонт

а а а

Јаник Синер е во импресивна форма и серија и на два чекори од освојување на уште еден голем турнир, Мастерсот во Рим.

Италијанецот со славјето над Андреј Рубљов собори еден импресивен рекорд на Новак Ѓоковиќ и стана прв играч со 32 победи во низа на АТП Мастерсите од серијата 1000.

- Не играм за да соборувам рекорди, туку за да ја напишам сопствената приказна, - порача Јаник кој со титула во Рим ќе стане само вториот тенисер (по Ѓоковиќ) кој стигнал до трофеј на девет различни Мастерс турнири.

- Едноставно кажано, мојот фокус е секогаш на следниот натпревар. Треба физички да се опоравам што е можно подобро, бидејќи играм многу. Играме навечер, а потоа е уште потешко физички. Рим е многу важен бидејќи ја покажува вистинската форма за Ролан Гарос. Монте Карло е првиот турнир на земјена подлога по неколку месеци на бетон, Мадрид е сосема поинаков, а тука точно гледате каде сте, -вели првиот светски рекет кој сега лесно слави и на турнирите на земја.

- Ова ми е прв пат да победувам на големи турнири на земјена подлога. Физички сум многу посилен од порано, поискусен сум, имам поголема самодоверба… Комбинацијата од сето ова придонесува за мојот успех, - заклучува Италијанецот за кого следи соочување со Данил Медведев.