Тим научници од Русија и Соединетите Американски Држави, врз основа на анализа на древен катник пронајден во Сибир, дошол до заклучок дека неандерталците можеби изведувале примитивни стоматолошки зафати.
Според студијата на која се повикува „Science News“, истражувачите сметаат дека постојат индиции дека неандерталците користеле камени алатки за дупчење оштетени заби, веројатно во обид да ја ублажат болката.
Еден од најстарите докази
„Откритието на древен човечки катник сугерира дека неандерталците понекогаш ги дупчеле заболените заби со камени алатки, што укажува дека можеби знаеле за можноста со таков третман да ја ублажат силната забоболка“, се наведува во извештајот.

Забот стар околу 59.000 години бил пронајден во 1983 година, во пештерата Чагирскаја во планините Алтај во Сибир и се смета за еден од најстарите докази за можни стоматолошки интервенции кај хоминидите.
Голема дупка на катникот
Истражувачите навеле дека на катникот се гледа голема дупка која оди од површината за џвакање до пулпната комора, што укажува на намерно дејство, а не на природно оштетување.

Антропологот од Универзитетот во Аризона, Џон Олсен, оценува дека наодот укажува на високо ниво на рачна вештина и когнитивни способности потребни за изведување такви зафати.






