Веднаш по големата прослава која ја имаше Барселона низ улиците во својот град, Ханси Флик си постави една цел до крајот на сезоната, односно побара од своите играчи да победат на преостанатите три меча и да стигнат до сезона со 100 освоени бода во Ла Лига.
Германецот се обиде да ги мотивира и стимулира своите фудбалери во период кога сè беше резервирано за забава, но откако реши да одмори добар дел од првотимците со Алавес, на крајот Барселона се збогува со идејата да стигне до 100-те бодови.
– Видов мотивиран тим на теренот и имаше добри работи од неколку играчи. Решив да им дадам шанса на играчи кои имаа помала минута, а тука мислам на Бернал, Еспарт, Касадо…..
– Во првото полувреме го контролиравме мечот, но Алавес се бори за спас во Примера и играше со поголема жар. Не бевме доволно опасни во нападот и на крајот останавме без гол. Тоа е што е, остануваме без шанса за 100 бодови.
– Малку сум разочаран, но нема да очајувам. Го прифаќаме резултатот и одиме понатаму. Алавес играше за живот во Ла Лига, нас сега ни преостануваат уште два меча и ќе одиме на победа, – изјави Германецот.





