[ВИДЕО] Манасиевски: Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти

Макфакс

14/05/2026

12:00

111

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски ја критикува политиката на Филипче, тврдејќи дека тој на штета на државата и нејзиниот идентитет го следи патот на штетни компромиси и прифаќа навредливи географски одредници кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пиунот на Радев, Венко Филипче, чекори по патот на Заев и е спремен за власт да потпише нови капитулации за Македонија и за македонскиот народ.

За Филипче и СДС, нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како „северномакедонци’’. Да потсетиме дека оваа неточна и навредлива придавка, доаѓа од нивниот најголем дипломатски дебакл, а тоа е Преспанскиот договор.

И после изјавата на министерката на Радев, Петрова Чамова, која не нарече „северномакедонци’’, Филипче и натаму вели дека не гледа никаков ризик, ниту загрозување на македонскиот идентитет. Згора на се, не ја осуди изјавата, ниту пак побара извинување“.

Овие недостоинствени настапи на Филипче, оценува Манасиевски, се доказ дека станува збор за уценет човек, но треба јасно да каже, со што е уценет и зошто води политика на штета на Македонија и македонскиот народ?