[ВИДЕО] Прв сериски убиец на жени во Македонија: Обвинителството откри уште две убиства и два обиди за убиства

Макфакс

14/05/2026

12:51

1.287

Големина на фонт

а а а

Полицијата од Куманово покрена обвиненија против осомничен за серија убиства и обиди за убиство на жени од општина Старо Нагоричане. Станува збор за сериски убиец со мотивација на фемицид, а против двајца мртвопроверители од болницата се води истрага за несовесно работење.

СВР Куманово поднесе кривични пријави против убиецот од Драгоманце, Општина Старо Нагоричане за убиство на уште две жени и обид за убиство на две жени, како и против двајца мртвопроверители од болницата во Куманово.

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство” поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т..


По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт.

Врз основа и на други сознанија и докази, било утврдено дека тој ги убил двете жени и во координација со обвинителството, против него е поднесена кривична пријава.

Претходно, СВР Куманово до обвинителството во Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. за убиство и на М.С. и М.М., а по предлог на јавниот обвинител, од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор.

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно вршење на службата“ против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од „Општа болница“- Куманово.


Обвинителот Љубомир Лапе на денешниот брифинг со новинарите рече дека се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол.