Николоски: Доброто планирање е клучно за реализација на капиталните инвестиции, реализиравме 75 проценти

Макфакс

14/05/2026

11:40

116

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски го истакна значењето на добро организираното планирање кое доведе до успешна реализација на 75% од капиталните инвестиции предвидени во буџетот на Министерството за транспорт, и најави можност за дополнителни инвестирања доколку буџетските услови дозволуваат.

Со добро планирање, успеавме до сега да реализираме 75 % од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен реузлтат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителсни средства ако буџетот тоа го дозволува, истакна вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски.

„Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75 % реализација, што е резултат на едно добро планирање што го направивме минатата година. Ако ме прашувате за следна година и за следната година очекувам иста да е состојбатa во првите месеци. Доколку има простор во буџетот, ние со тимот во Министерството сме подготвени да конзумираме поголем буџет доколку има простор”, изјави вицепремиерот Николоски.