Веста за новиот член на семејството брзо привлече големо внимание во јавноста.
Спортската новинарка Дилета Леота и нејзиниот сопруг, голманот Лорис Кариус, станаа родители по вторпат. Среќната вест познатата Италијанка ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, каде објави емотивни фотографии и откри дека на свет пристигнало момче.
Парот на синот му го даде името Леонардо, кое има силна симболика и богата историја. Името потекнува од германскиот јазик и претставува комбинација од лав и сила. Поради тоа, името Леонардо често се толкува како „храбар како лав“ или „силен лав“.
Дилета и Лорис веќе ја имаат ќерката Арија, која сега доби помал брат. Тие важат за еден од најпознатите спортски и медиумски парови во Европа, па веста за новиот член на семејството брзо привлече големо внимание во јавноста.
Многу пријатели, колеги и фанови упатија честитки до познатиот пар, кој во последните години често споделува семејни моменти со своите следбеници. Доаѓањето на малиот Леонардо донесе нова радост во нивниот дом, а семејството сега ужива во најубавите моменти заедно.








