[ВИДЕО] Мбаје со мајсторија ја потврди новата шампионска титула на ПСЖ во Лига 1

Дерби

14/05/2026

07:11

261

Големина на фонт

а а а

Дербито меѓу Ленс и ПСЖ го одреди новиот шампион во францускиот фудбал, а тоа одново е тимот на Луис Енрике кој продолжи да доминира на домашната сцена.

Актуелниот европски првак беше под притисок во почетната фаза од мечот на гостувањето, но една грешка во потесната одбрана му овозможи на Дембеле да испрати употреблива топка за Кварацхелија.

Грузиецот не можеше да погреши од идеална позиција и погоди за 0:1, па Ленс се стави во крајно тешка ситуација во обид да го сопре фаворитот.

Второпласираниот тим на табелата мораше да оставри победа за да остане математички во битка за титулата, но на крајот остана без сили за такво нешто, па во завршницата прими и неверојатен гол од Мбаје.

Резервистот на ПСЖ ги постави конечните 0:2 во судиското продолжение, а со тоа ја потврди новата титула за ПСЖ во француската елита, 14-та во историјата на клубот.

ПСЖ освои 12 од последните 14 првенства во домашното првенство, со тоа што сега е во серија од пет последователни во последните пет години.

Головите погледнете ги ТУКА.