Англиската фудбалска легенда и воедно рекордер по бројот на постигнати голови во Премиер лигата, Алан Ширер го има тимот на колото (36) во најсилната конкуренција на островот.
Некогашниот капитен на Њукасл се одлучи за формација 4-3-3 во која интересно нема класичен напаѓач, „деветка“ и тој дел од составот го резервираше за Рајан од Борнмут, Сар од Кристал Палас и играчот кој е во најдобра форма кога е во прашање Манчестер Сити-Доку.
Борнмут е застапен со уште два фудбалери и тоа дефанзивците Сенеси и Труфер, а од истата екипа Ширер го избра и менаџерот, предводникот на овој состав Ираола.








