Никола Тесла до детали предвидел што нè чека до 2035 година: Сè се остварува, а една работа ќе го промени човештвото

Точка

13/05/2026

07:38

1.653

Големина на фонт

а а а

Предвидувањата на Никола Тесла за 2035 година полека се остваруваат.

Еден од најголемите светски умови уште пред еден век до најситни детали ја нацртал мапата на светот во кој денес се будиме. Иако во тоа време никој не можел ниту да сонува за интернет, неговите зборови изговорени во една њујоршка хотелска соба денес звучат како најлудата научна фантастика што се случува токму пред нашите очи.

Замислете сцена од 1926 година: Никола Тесла за списанието „Colliers“ без двоумење зборува за мали уреди што ќе ни овозможат да се гледаме и слушаме со роднини на другиот крај од планетата, и тоа без никакви пречки.

Луѓето тогаш мислеле дека целосно полудел, со оглед на тоа што дури тогаш почнувале да се воведуваат жичените телефони, но тој ја убедувал јавноста дека тој апарат ќе може да собере во најмалиот џеб од елек.

Сто години подоцна, тој негов „апарат во елек“ денес сите го држиме во раце без да го испуштаме – и го нарекуваме паметен телефон.


Машините ни ја кројат судбината, а екологијата станува прашање на живот и смрт

Дека бил вистински визионер за технологијата, Тесла докажал и во 1935 година, кога најавил дека ќе дојде ден кога луѓето повеќе нема да работат тешка физичка работа, туку целиот товар ќе го преземат машините.

Она што тогаш изгледало како илузија, денес е сурова реалност – компаниите масовно воведуваат вештачка интелигенција и хуманоидни роботи на работните места.

Ништо помалку прецизен не бил ниту кога станува збор за природата. Бил згрозен од валканите плажи околу Њујорк и предупредил дека на идните генерации таквата негрижа ќе им биде апсолутно несфатлива.

Не погрешил ниту за милиметар, бидејќи токму Америка триесетина години подоцна морала да формира цела агенција („EPA“) за да се спаси од еколошка катастрофа.


Машините ќе ни ги читаат мислите!

Она што навистина звучи застрашувачки е неговата изјава од 1933 година.

Генијот од Смилјан бил целосно убеден дека ќе дојде време кога нашите размислувања и ментални слики ќе можат директно да се „префрлат“ на екран и дека ништо во нашата глава повеќе нема да остане скриено.

И додека ова звучи како сценарио од хорор-филм, гиганти како „Neuralink“ и „Meta“ во овој момент навистина успеваат да ги претворат мозочните бранови во конкретни зборови на компјутер.


Светот во рацете на жените

Списокот на неговите неверојатни предвидувања тука не завршува.

Тесла предвидел дека жените ќе го преземат интелектуалното кормило во општеството, на што денес јасно укажуваат бројките на европските факултети.

Исто така, најавил пренос на електрична енергија без ниту еден кабел, како и можноста во живо да следиме преноси од разорни земјотреси или претседателски избори директно од сопствената дневна соба.

Неговите прогнози за периодот до 2035 година не се случајност, туку сурова математичка и логичка пресметка.

Додека денес скролате по екранот и ги читате овие редови, запрашајте се – која од визиите на Тесла веќе станала дел од вашиот живот?