[ВИДЕО] Уметница ги шокирала сите на Венециското биенале: Гола се нишала во ѕвоно

Точка

06/05/2026

17:57

572

Големина на фонт

а а а

Уметницата и кореографка Флорентина Холцингер предизвикала хаос во Австрискиот павилјон на Венециското биенале.

Имено, таа извела перформанс целосно гола, што предизвикало бројни реакции на социјалните мрежи.

Со помош на јаже се качила во големо ѕвоно и се нишала додека гола висела наопаку. Таа рекла дека со овој перформанс фигуративно ја предупредувала публиката на претстојната поплава, односно на еколошката катастрофа предизвикана од турботуризмот.

Како што е наведено на страницата на Министерството за домување, уметност, култура, медиуми и спорт, таа комбинира екстремни физички движења со театарска прецизност за да ги истражи границите на телесната активност.

Во павилјонот, Холцингер создала дистописка слика на нашите водни системи: во забавен парк, изведувачите кои кружат со џет-ски „предупредуваат“ на еколошка катастрофа предизвикана од турботуризам.

Група изведувачи се качува на огромен ветроказ, тврдејќи дека пренесува порака за силата на колективната акција. Еден изведувач живее во реконструирана постројка за прочистување канализација, во резервоар што се одржува со телесни течности.

Очекувано, нејзиниот перформанс предизвикал лавина коментари на социјалните мрежи.

„Сигурен сум дека луѓето ќе го видат ова и ќе помислат на климатски непогоди“, „Ова е почеток на апокалипсата“, „Сум видела многу бизарни работи, а ова дефинитивно е на врвот на листата“, „Се надевам дека не користат јавни пари за оваа ’уметност‘ “, се дел од реакциите.