Артета откри интересна анегдота: Им се извинив на своите фудбалери пред реваншот со Атлетико

Дерби

06/05/2026

14:52

176

Големина на фонт

а а а

Арсенал по вторпат во својата историја ќе биде дел од едно големо финале во Лигата на шампиони, или прво по историското кое го играше пред точно 20 години.

Иако беше критикуван и доста оспоруван од јавноста, Микел Артета оствари да направи нешто што го има направено само Арсен Венгер, па јасно е дека во наредниот период ќе ужива далеку поголема почит од англиската, но и светската јавност.

Покрај пласманот во финалето во Лигата на шампиони, Арсенал има се во свои раце и во битката за титулата во Премиер лигата, но во овој момент, „топчиите“ добија малку време за радост и тоа навистина го заслужија.

– Ова беше неверојатна ноќ за нас, тоа што го доживеавме од стартот беше неверојатно. Чувството е фантастично, се она што го работевме полека добива смисла. Околу себе гледам само среќни и насмеани лица. Од самиот старт беше неверојатно, навивачите не дочекаа пред стадионот, а потоа ни ја пренесоа својата енергија и на стадионот. Тие го поставија стандардот уште пред натпреварот, а ние го прифативме тоа и возвративме. Со години сакавме да ги направиме горди на нас, а сега мислам дека се горди на тимот. Момците дадоа се и сите се заслужни за ова. После 20 години, за првпат ќе играме финале во Лигата на шампиони, – изјави Артета, кој откри и една интересна анегдота од последниот тренинг пред полуфиналето на „Емирејтс“.

– Во овој тим најмногу ме импресионира заедништвото. На последниот тренинг, ги собрав играчите и им се извинив на дел од нив. Им кажав дека ќе играм со истиот тим како на последниот меч во Премиер лигата. Сите играчи ми рекоа дека одлуката е на мене и дека стојат на располагање за што и да биде потребно. После тоа, добив прегратка од сите нив, – откри Артета.