Компани најавува ист фудбалски спектакл како пред осум дена во Париз: Тешко е да се замисли нешто друго

Дерби

06/05/2026

15:59

120

Големина на фонт

а а а

Венсан Компани и неговиот Баерн Минхен планираат силно да нагазат на педалот за гас уште од првата минута вечерва на „Алијанц арена“, а белгискиот стручњак е убеден дека истиот пристап ќе го има и ПСЖ, тим кој според него ретко игра на резултат.

Тренерот на Баерн Минхен очекува спектакл со многу голови како пред осум дена во Париз, при што нагласи дека би дошло до поинакво сценарио само ако еден тим се одлучи да игра попретпазливо и поповлечено во својата половина.

– Дали очекувам ист меч? Работата не зависи од еден тим, зависи од двата тима. Ако еден одлучи да се повлече и да се брани повеќе, тогаш ќе имаме помирни фази на натпреварот.

– Тешко е да се замисли такво сценарио, се сомневам дека ПСЖ ќе промени нешто во својата игра. Од наша страна, ветуваме напаѓачки фудбал од прв момент, сакаме да победиме и ќе направиме се што е потребно за да го оствариме тоа.

– Мисијата е да се победи, не е важно колку голови ќе дадеме, или ќе примиме. Покажавме дека можеме да победуваме на многу натпревари, но тоа го покажа и ПСЖ. Во фудаблот е најважно да постигнете гол повеќе од противникот, а нас ќе ни треба такво нешто, – изјави Компани.