Во англиската Премиер лигата беше одиграно 35. коло, коло во кое највпечатлив е резултатот од мечот Евертон-Манчестер Сити, ремито од 3-3 со кое „граѓаните“ повеќе не се во позиција да зависат само од себе кога е во прашање трката за титулата.
Сега Сити ќе мора да чека кикс на Арсенал, а во исто време да ги добива своите мечеви и да прави гол разлика затоа што тоа на крајот исто може да биде клучно.
Брзо ќе дојдат новите возбудувања, но дотогаш го имаме изборот на најдобрата единаесетка и тоа од страна на некогашниот напаѓач Трој Дини. Дини за Би-Би-Си го состави тимот на рундата и тоа во формација 3-5-2 во која најмногу е застапен Тотенхем со тројца играчи и тоа Ван Де Вен, Галагер и Тел.
На голот е Селс, во одбраната освен стоперот на „петлите“ се Миколенко и Сенеси, во средината се уште Мејну, Доку и Собослаи, додека напаѓачката двојка е Авонији и Ѓокереш.
За тренер е избран Витор Переира од Нотингем Форест.







