„Spyker“ се враќа: Новиот холандски суперавтомобил ќе има 800 коњски сили

Точка

05/05/2026

20:10

312

Големина на фонт

а а а

„Spyker C8 Preliator“ пристигнува со моќен twin-turbo V8 мотор.

Холандскиот производител на спортски автомобили „Spyker“ официјално се враќа на сцената, а враќањето ќе биде одбележано со премиерата на новиот модел „Spyker C8 Preliator“ на престижниот настан Pebble Beach Concours d’Elegance во август.

Директорот на компанијата, Виктор Милер, откри дека новиот C8 Preliator ќе биде придвижуван од twin-turbo V8 мотор со дури 800 коњски сили, без никаква електрификација.

Тоа претставува значителен скок во однос на оригиналниот модел од 2016 година, кој користеше „Audi“ 4.2-литарски V8 мотор со 518 КС.

Новиот модел треба да достигнува максимална брзина од над 350 км/ч, а „Spyker“ веќе прикажа први кадри од автомобилот во фаза на изработка.

Засега нема многу детали за дизајнерските промени, но се очекува автомобилот да го задржи препознатливиот изглед и ентериерот со класични механички прекинувачи, по кои брендот беше познат.


Да потсетиме, компанијата банкротираше во 2014 година откако го презеде „Saab“ од „General Motors“, а по уште еден неуспешен обид за опстанок, беше затворена во 2021 година.

Сепак, минатата година беа решени правата на интелектуална сопственост, што овозможи ново враќање на брендот.

„Spyker“ засега не ја откри цената ниту датумот на почеток на продажбата на новиот модел.