Спас во последен момент за изненадувачките гости е овој десерт, кој е лесен за подготовка и вкусен.
Барате идеја за брз десерт со само неколку состојки? Орео топчињата се рецепт што мора да го пробате.
Потребни ви се само 3 состојки и 15 минути за да направите одличен и вкусен десерт.
Верувајте ни, овој деликатес ќе исчезне од трпезата за кратко време, па затоа најдобро е веднаш да направите двојна мера.
Состојки:
400 г Орео колачиња;
180 г омекнато крем сирење;
350 г бело чоколадо за готвење.

Подготовка:
Ставете ги колачињата во блендер и исечкајте ги.
Одвојте една лажица од колачињата, а остатокот префрлете го во поголем сад каде што ќе го додадете крем сирењето. Мешајте додека не се соедини.
Потоа формирајте топчиња, па ставете ги во фрижидер еден час да се стегнат.
Растопете го белото чоколадо, па потопете ги топчињата во него. На крај, посипете ги топчињата со трошки од колачиња.
Уживајте во овој пресладок десерт!






