Левандовски ги мотивира соиграчите и посочи која е целта на Барселона до крајот на сезонава

Дерби

03/05/2026

15:55

122

Големина на фонт

а а а

Барселона се избори за славје над Осасуна на „Ел Садар“ и ја зголеми предноста на табелата и веќе вечерва може официјално да стане старо-нов шампион на Шпанија по услов Реал Мадрид да не слави на гостувањето кај Еспањол.

Роберт Левандовски и Феран Торес беа стрелци за каталонците во самата завршница и сега Барса е на бројката од 88 бода на четири кола до крајот.

Избраниците на Ханси Флик до крајот на сезоната можат да дојдат до 100 освоени поени и да станат трет тим по оние на Тито Виланова и Жозе Мурињо со таков учинок.

-Целта е да победиме на секој натпревар за да стигнеме до 100 бода. Дури и да ја освоиме Ла Лига, мора да ги добиеме и преостанатите натпревари. Освојувањето на Ла Лига е прекрасен момент. Прославите во градот се прекрасни. Додека не ја освоиме Ла Лига, најдобро е да не зборуваме премногу, -порача Левандовски.

Барса до крајот на кампањата ќе ги дочека Реал Мадрид и Бетис, а ќе им гостува на Алавес и Валенсија.