Винисиус и Белингам режираа магија на „Корнелја ел Прат“

Дерби

04/05/2026

15:00

162

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид имаше за задача да ја одложи шампионската прослава на Барселона за најмалку уште една недела, па иако не одигра некое посебно добро прво полувреме, во второто беше доволно инспириран за да освои три бода.

Победата со резултат 0:2 значи дека Реал нема да мора да прави „шпалир“ на „Камп Ноу“ во чест на новиот шпански шампион, но ако не оствари триумф на жешкото гостување, титулата секако ќе остане во Каталонија.

За Реал тоа ќе биде второ гостување во низа во истиот град, бидејќи вечерва успеа да го совлада Еспањол кој делува грогирано и непрепознатливо во 2026-та година.

Еспањол последната победа во Ла Лига ја оствари во декември минатата година, а денеска стигна до 17-ти меч во низа без победа.

Најзаслужен за тоа беше инспирираниот Винисиус Жуниор, кој најпрво режираше мајсторија за водство од 0:1, а потоа изведе и магија во друштво на Џуд Белингам.

Комбинацијата меѓу двајцата го одбележа мечот на „Корнелја ел Прат“, по што стана јасно дека во „Ел Класико“ дербито ќе се влезе без да биде одлучен новиот шампион.