Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп го пречекаа британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила во Белата куќа вчера попладне.
Додека почетните поздрави со Доналд и Меланија Трамп биле тивки, експертката за читање од усни Никола Хиклинг дешифрирала прилично необичен дијалог за „Дејли мејл“.
Стравувања од атентат и закани кон Путин
Разговорот започнал со не баш пријатни теми. Трамп веднаш се осврнал на неодамнешното пукање на вечерата на дописниците во Белата куќа, на што кралот Чарлс одговорил: „Попрво не би сакал да останам овде предолго. Имам чувство дека не би требало да бидам овде.“

Трамп го прашал дали е добро, додавајќи дека целата ситуација „не е добра работа“, на што тој додал: „Не бев подготвен, но сега сум“.
Претседателот на САД потоа нагло ја смени темата кон Владимир Путин.
„Во моментов разговарам со Путин. Тој сака војна“, изјавил Трамп.
Кралот се обидел да ја одложи тешката тема велејќи:
„За тоа ќе разговараме подоцна - но Трамп продолжил со своите мрачни предвидувања: ‘Имам чувство... ако го направи тоа што го кажа, ќе ја збрише целата популација’“.

Кралот Чарлс повторно се обидел да го заврши незгодниот разговор со краток одговор: „Друг пат“.
Од нуклеарна војна до балска сала за секунда
Во својот препознатлив стил, Трамп за момент потоа преминал на полесни теми, покажувајќи му на кралот дел од својата работа во Белата куќа.

„Можете да видите сè до таму, право до балската сала. Дали би сакале да видите?“, праша Трамп, на што монархот благо се насмевнал и одговорил: „Сигурен сум дека ќе ни покажете.“

По оваа, малку надреална, средба, кралскиот пар се упатил на чај во Зелената соба на Белата куќа, а потоа ја посетиле новата пчеларник во градината, која изгледа како минијатурна верзија на претседателската резиденција.

Денот го завршиле со градинска забава во резиденцијата на британскиот амбасадор.

Официјалниот дел од посетата продолжува во вторник со формална церемонија на добредојде и раскошна државна вечера во Источната сала на Белата куќа.















