Англија во наредниве денови ќе ни понуди премиерлигашки фудбал, но и полуфинални средби во ФА Купот што значи дека пред навивачите се интересни пресметки.
Легендарниот Алан Ширер, човекот кој се уште е најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата и овојпат доби можност да даде свое мислење и да ги прогонизира сите мечеви кои се на програмата.
Некогашниот ас на Њукасл очекува Арсенал да се разбуди и се врати на победнички патеки, но и верува дека Тотенхем конечно ќе дојде до славје во ПЛ во 2026 година и тоа на гостувањето кај „волците“.
Воедно тој верува дека ќе имаме изненадување во ФА Купот и Лидс ќе го елиминира Челси што би било уште еден тежок удар за „сините“.
Типови на Ширер:
Сандерленд-Нотингем Форест X
Фулам-Астон Вила 2
Ливерпул-Кристал Палас 1
Вест Хем-Евертон X
Вулверхемптон-Тотенхем 2
Арсенал-Њукасл 1
Манчестер Јунајтед-Брентфорд 1
ФА Куп:
Манчестер Сити-Саутемптон 1 (победа на Сити)
Челси-Лидс 2 (триумф на Лидс)







