Судот одреди 30-дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ

Дерби

24/04/2026

14:52

202

Големина на фонт

а а а

Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство донесе одлука за 30-дневен притвор на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Сејдини се сомничи дека проневерил 660 илјади евра при изградбата на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Од Судот информираат дека мерката е изречена поради основано сомнение за сторено кривично дело проневера во служба, при што биле земени предвид и ризиците од бегство, како и можноста за влијание врз сведоци и докази,

-Воедно, судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази во текот на постапката“, објасни Судот.