Минесота го неутрализираше Јокиќ и поведе во серијата со Денвер

Дерби

24/04/2026

14:31

151

Големина на фонт

а а а

Добрата игра во дефанзива донесе важна победа за Минесота во серијата со Денвер и водство од 2:1 за „волците“ по третиот натпревар.

Никола Јокиќ постигна 27 поени, но со лош процент на реализација, па Минесота уште еднаш докажа дека е најнезгоден противник за поранешниот НБА шампион.

Досунму со 25 и МекДениелс со 20 поени го предводеа победничкиот тим, кој со евентуална победа на следната средба ќе му нанесе сериозен удар на ривалот.

Торонто стигна до прва победа во серијата со Кливленд и намали на 2:1, додека Атланта и Њујорк во неизвесна завршница приредија драма која им припадна на домаќините.

Атланта сега води со 2:1 во серијата со Никс.

Минесота-Денвер 113:96

Атланта-Њујорк 109:108

Торонто-Кливленд 126:104