[ВИДЕО] Демолирал автомобил во Тузла, па пропаднал низ покривот – снимката се прошири на социјалните мрежи

Макфакс

24/04/2026

09:08

162

Големина на фонт

а а а

Во Тузла вчера околу 18 часот се случил инцидент во кој маж демолирал патнички автомобил, а на крајот и самиот пропаднал низ неговиот покрив. Снимката од настанот брзо се прошири на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како мажот со палка удира по возилото, а потоа се качува врз него. Откако извесно време скокал по покривот, тој пропаднал во внатрешноста на автомобилот, јавуваат регионалните медиуми.

Од Оперативниот центар на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон за Авaз потврдиле дека мажот е уапсен.

Тој се товари за кривично дело „оштетување туѓа ствар“, а полицијата спроведува истрага за да ги утврди сите околности и мотиви за овој настан.