Вчера околу 02:30 часот во близина на граничната линија со Грција, во атар на село Богородица, полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица го лишија од слобода 48-годишниот У.Ш. од Скопје, поради сомнение дека со патничко возило „тојота корола“ со италијански национални ознаки, превезувал пет лица мигранти, сите од Виетнам.
По наредба на јавен обвинител, У.Ш. е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија.







