МВР потврди: Трагедија во Скопје - Работници затрупани при ископ во Кисела Вода, двајца се извлечени, спасувачка акција во тек

Макфакс

24/04/2026

10:17

1.496

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи се огласи со првични информации за трагичниот настан во скопска Кисела Вода, каде при ископ за земјиште за зграда, затрупани се градежни работници.

Пријавата во полиција пристигнала во 8.17 часот, според која на градилиште на ул.„Козјак“ во Скопје, при ископ на темели со земја се затрупани тројца работници.

- Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.


Во координација со ЦУК и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице.

Несреќата се случи зад локалот „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“.