[ВИДЕО] Што се случило со гласот на Мараја Кери: Снимка од неодамнешниот настап поттикна расправи

Точка

23/04/2026

18:03

382

Големина на фонт

а а а

Мараја Кери неодамна настапила на забавата на брендот „Тифани и Ко.“ во Њујорк, а снимката од изведбата на песната „Hero“ се прошири на социјалните мрежи, поттикнувајќи прашања кај гледачите.

Имено, во одредени моменти изгледа како Мараја едвај да пее, а една од објавите на Икс, привлече три милиони прегледи и прашања за нејзината состојба.

„На иста возраст сме и знам дека нешто не е во ред со неа“, напишала корисничката која ја споделила снимката.

Се нижеа теории дали причината е од здравствена природа или едноставно станува збор за последици од стареењето.


Корисниците на социјалните мрежи споредуваа како звучела на настапите во текот на 90-тите и на почетокот на 2000-тите, а некои тврдеа дека нејзиниот глас созреал и изгубил дел од својата поранешна сила и распон поради природното стареење.

Кинескиот вокален педагог Лан Тјанјанг на ТикТок тврдел дека нејзиниот глас јасно покажува знаци на оштетување на гласните жици.


Кери е на музичката сцена од крајот на 1980-тите, а популарност стекна во 1990 година кога го објави својот деби-албум „Mariah Carey“. Тој албум веднаш постигна огромен успех, а Кери стана една од најголемите нови ѕвезди во тоа време.

Во текот на 90-тите таа беше една од најпродаваните изведувачи во светот.

Во последните години се појавува многу поретко отколку порано, а оваа зима пеела на отворањето на Зимските олимписки игри во Милано.