[ФОТО] Обидот на Дрејк да го открие датумот на албумот со помош на ледена скулптура пропадна, пожарникарите ја стопија

Точка

23/04/2026

14:28

378

Големина на фонт

а а а

Раперот Дрејк сакаше да го открие излегувањето на својот албум со помош на ледена скулптура во Торонто – поточно, обожавателите ќе го дознаеја кога скулптурата ќе се стопи. Меѓутоа, поради неверојатниот интерес што го предизвика и загриженоста за безбедноста – пожарникарите одлучија принудно да ја стопат.

Пожарникарите од Торонто користеа црева со висок притисок и тешки алати за да ја разбијат големата ледена скулптура на канадскиот рапер Дрејк, која привлече стотици луѓе, создавајќи загриженост за безбедноста.


Официјалните лица изјавија дека екипите биле повикани откако инсталацијата почнала да се топи и испуштала големи блокови мраз на околните улици и тротоари. Водата што се слевала се собирала покрај патот додека пожарникарите работеле на демонтирање на преостанатите делови.


Исто така, еден ден претходно, луѓето се обидувале да се качуваат и сами да ја разбијат ледената скулптура за да го откријат датумот на излегување на новиот албум на Дрејк „Iceman“, што предизвика загриженост за безбедноста во градот.

Едно лице донело чекан, а некои донеле запаливи течности за да го разбијат мразот и да го дознаат датумот на излегување на новиот албум на Дрејк, за кој раперот рече дека се наоѓа во големата ледена скулптура.


Пријавено е дека некој во вторникот попладне пронашол сина папка во еден од блоковите мраз која открила дека албумот ќе биде објавен на 15 мај. Дрејк го потврди датумот во вторник навечер.


Хана Роув, која има 24 години, изјави за „Reuters“ дека било „прилично кул“ да се види ледената скулптура во вторник наутро пред да биде разбиена и додека немало толку многу луѓе околу неа. Таа рече дека ледената скулптура „го собрала целиот град“.