Популарниот модел најпрво се увезуваше во САД, а во 1978 година започна и локалното производство. Сепак, таму не се продаваше како „Golf“.
Пред повеќе од половина век, "Volkswagen Golf" во Европа направи вистинска револуција и практично го дефинираше компактниот сегмент. Но, кога во средината на седумдесеттите години пристигна на американскиот пазар, работите не беа толку едноставни.
Моделот првично се увезуваше во САД, а од 1978 година започна и локалното производство во фабриката во Вестморленд. Сепак, таму не се продаваше под името „Golf“, туку како „Rabbit“.

Причината за оваа одлука била маркетиншка.
Како што пишува „Motor1. de“, во "Volkswagen" сметале дека името „Golf“ премногу асоцира на елитен спорт и побогати слоеви на општеството, што не одговарало на позиционирањето на автомобил наменет за широка публика во Америка.

Интересно е што името „Rabbit“ не било резервирано само за САД.
Се појавувало и во Европа, најчесто како ознака за одредени GTI верзии или пакети на опрема на некои пазари, вклучувајќи ги Норвешка и Франција.

Овој потег јасно покажува колку стратегијата и пристапот кон купувачите можат да се разликуваат од пазар до пазар – дури и кога станува збор за еден од најпознатите модели во автомобилската историја.






