Мадона нуди награда: Исчезнала гардеробата на пејачката од настапот на „Коачела“

Точка

21/04/2026

20:29

375

Големина на фонт

а а а

Американската поп ѕвезда Мадона денеска понуди награда за враќање на гардеробата што ја носела на музичкиот фестивал „Коачела“, откако повеќе парчиња од нејзината колекција исчезнале по настапот за време на викендот во Калифорнија.

Пејачката на социјалните мрежи истакнала дека исчезнатите предмети имаат голема лична вредност.

„Тоа не се само парчиња облека, тоа е дел од мојата историја“, рекла Мадона, пренесе Би-би-си.

Меѓу исчезнатите работи се виолетовата јакна, корсетот и фустанот што ги носела за време на изненадниот настап со американската пејачка Сабрина Карпентер на фестивалот во петокот навечер.


Како што навела, истите чизми, корсет и јакна ги носела и за време на својот настап на Коачела пред 20 години, поради што тие предмети имаат дополнително значење.

„Се надевам дека некоја добра личност ќе ги пронајде и ќе му се јави на мојот тим“, напишала Мадона, додавајќи дека нуди награда за нивно враќање.


Локалната полиција соопшти дека гардеробата и накитот последен пат биле видени на голф-возило во просторот на фестивалот во саботата околу 1:30 часот по локално време, со напомена дека засега нема докази дека работите се украдени, туку постои можност да испаднале за време на транспортот.

За време на настапот, Мадона и Сабрина извеле дуети на песните „Vogue“ и „Like a Prayer“, а пејачката во таа прилика премиерно ја претставила и нумерата од претстојниот албум „Confessions II“, продолжение на изданието од 2005 година.


Настапот на Мадона беше одржан по повод 20 години од нејзиното прво појавување на тој фестивал, додека објавувањето на новиот албум е најавено за јули, пренесе Танјуг.