[ВИДЕО] Кејти Пери ужива во Рим и покрај скандалозните обвинувања: Нема да поверувате што направила на Фонтана ди Треви

Точка

20/04/2026

16:30

551

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Кејти Пери (41) за време на престојот во Рим решила на необичен начин да ја призове среќата.

Имено во видеото што го објавила на Инстаграм, пејачката е снимена како во прочуената Фонтана ди Треви, наместо традиционална паричка, ја ставила својата кредитна картичка.

Видеото почнува со сцена во која Кејти Пери, облечена во сив дуксер со качулка, стои пред фонтаната и го пее стихот: „Нека ми даде некој паричка“.

„Луѓе, во песната ’Save as Draft‘ рековме да не се грижам за ситни пари, но во последно време фрлам парички почесто од вообичаено“, додала таа, алудирајќи на стих од својот хит.


Пејачката објаснила дека почувствувала потреба во фонтаната да стави нешто за среќа, а бидејќи немала ситни пари, за момент ја спуштила својата кредитна картичка во водата, но брзо ја извлекла пред да може да отплови.

Покрај видеото, Пери на Инстаграм споделила и низа фотографии од патувањето.

Фонтаната ди Треви, завршена во 1762 година, спаѓа меѓу најпосетените атракции во Рим, а фрлањето паричка во неа традиционално се поврзува со среќа.

За време на престојот во Рим, Пери, која моментално е во врска со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо (54), одржала приватен концерт во центарот „Ла Нувола“. На снимката од настапот се гледа пејачката во светкав горен дел и црни свилени панталони како го изведува хитот од 2010 година „The One That Got Away“.


Пејачката споделила и снимка пред базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што запеала „Папа Лав, алелуја“, оддавајќи му почит на првиот американски папа. За време на престојот во италијанската престолнина, преку видеоповик разговарала со својата петгодишна ќерка Дејзи Дав, додека се капела. Фотографијата ја објавила на Инстаграм, покривајќи го лицето на девојчето со емотикон од ајкула. Дејзи ја добила со поранешниот свршеник, актерот Орландо Блум (49), со кого Пери се раздели во 2025 година по седум години врска.

Истрага поради обвинувања за сексуален напад

Оваа објава доаѓа само неколку дена откако австралиската полиција покрена истрага за обвинувањата за сексуален напад што против Кејти Пери ги изнела актерката Руби Роуз (40).

Роуз тврди дека Пери сексуално ја нападнала во 2010 година во ноќниот клуб „Spice Market“ во Мелбурн. Полицијата на државата Викторија отвори истрага по пријавата што ја поднела актерката.

„Детективите од мелбурнското Одделение за сексуални деликти и злоупотреба на деца (SOCIT) истражуваат инцидент на сексуален напад што се случил во Мелбурн во 2010 година. Според пријавата, инцидентот се случил во угостителски објект во центарот на градот. Бидејќи истрагата е во тек, не е соодветно да се даваат дополнителни коментари“, изјавил претставник на полицијата за Дејли мејл.


Од друга страна претставничката на Пери ги отфрлила обвинувањата, нарекувајќи ги „опасни и непромислени лаги“.

„Обвинувањата што Руби Роуз ги шири за Кејти Пери на социјалните мрежи не само што се целосно невистинити, туку се и опасни и непромислени. Госпоѓа Роуз е позната по тоа што на социјалните мрежи изнесува сериозни јавни обвинувања против различни лица, а тие поединци повеќепати ги демантирале овие тврдења“, се вели во соопштението.