[ФОТО] Шокантна трансформација на поранешната сопруга на Еминем: Била уапсена поради возење под дејство на алкохол

Точка

19/05/2026

08:00

1.898

Големина на фонт

а а а

Поранешната сопруга на Еминем, Ким Скот изгледа непрепознатливо на новата полициска фотографија, а била уапсена поради возење под дејство на алкохол.

Таа била приведена во затворот во округот Макомб во Маунт Клеменс, Мичиген. „Пејџ Сикс“ објави дека била уапсена само три дена откако се појавила на суд за слични обвиненија.

Детективот Џозеф Фелд од полициската станица Честерфилд Тауншип изјавил за ТМЗ дека Ким наводно удрила во автомобил додека возела во близина на Детроит.


Нема повредени лица, а во меѓувреме била пуштена на слобода. Минатиот понеделник, таа се појавила на суд за да се изјасни за виновна за возење под дејство на алкохол и непријавување на несреќа што се случила во февруари.

За време на инцидентот таа наводно удрила во паркиран автомобил додека  ги носела на шопинг синот Паркер и неговите пријатели.


Наместо да застане, таа заминала дома, а потоа како што рекле нејзините соседи удрила во вратата на сопствената гаража и со полесни повреди била пренесена во болница. Изрекувањето на пресудата за возењето под дејство на алкохол од февруари е закажано за јуни.


Во текот на изминатите две децении, Ким била апсена неколку пати, а првенствено поради злоупотреба на супстанции, возење под дејство на алкохол и сообраќајни прекршоци.


Инаку Еминем и Ким се венчаа во 1999, а се разведоа две години подоцна. Меѓутоа повторно се венчаа во 2006 година, но само три месеци потоа тој поднесе барање за развод.