Нејмар импресиониран од Јамал: Тоа што го прави со 18 години…

Дерби

18/04/2026

16:46

184

Големина на фонт

а а а

Големата бразилска фудбалска ѕвезда, Нејмар Жуниор испрати комплименти на адреса на офанзивецот на Барселона, Ламин Јамал.

Напаѓачот импресионира со она што го прави на теренот, со потезите и влијанието во играта како во Барселона така и во шпанската репрезентација. Тој се уште е тинеџер со што добива на дополнителна тежина се што прави и произведува на зелениот тепих, па според Нејмар фудбалерот на Барса е еден од најголемите таленти во историјата на овој спорт.

-Вистински верувам дека Ламин Јамал ​​е еден од најголемите тинејџерски фудбалски феномени што светот некогаш го видел. Беше Меси, потоа дојдов јас, но она што Ламин го прави на 18 години е неверојатно.

-Навистина бев тажен поради него кога Барселона беше елиминирана од Лигата на шампионите. Јамал ​​даде сè од себе, постигна гол, го започна пресвртот, но фудбалот е таков и апсолутно сè е можно. Сепак, неговото време доаѓа и се надевам дека ќе ја освои Лигата на шампионите следната година. Па зошто да не ја освоиме Златната топка? Тој е навистина неверојатен. Тој е еден од оние фудбалери кои засекогаш ќе ја имаат мојата поддршка и наклонетост, -порача членот на Сантош.