Мараја Кери синоќа го остави светот во шок: Има 57 години, а како да не остарела ни ден од 2000-та и навистина изгледа сензационално – „Оваа жена се замрзнала во времето“

Точка

17/04/2026

15:12

405

Големина на фонт

а а а

„Оваа жена се замрзнала во времето“, се слушаше синоќа во Њујорк на гламурозниот настан што го организираше луксузната куќа „Tiffany & Co.“.

Мараја Кери излезе на импровизирана бина во историското здание на Менхетен, „Park Avenue Armory“, и многумина помислија дека на неколку минути се вратиле во времето кога баладата „Without You“ ја освојуваше планетата.


Конор Стори, Роузи Хантингтон-Вајтли, Тејана Тејлор, Аманда Сајфрид, Дајан Кругер, Наоми Вотс и уште многу познати имиња од светот на шоу-бизнисот се собраа синоќа на Менхетен, каде што „Tiffany & Co.“ ја претстави новата колекција „Blue Book 2026: Hidden Garden“. Но, ѕвезда на гламурозната вечер без сомнение беше таа што ги забавуваше гостите – Мараја Кери (57), сопственичка на еден од најубавите гласови на сите времиња.

Во едноставен бел фустан со долги ракави, кој ја истакна нејзината (нова и совршена) фигура, славната пејачка потсети на најспектакуларните моменти од својата кариера и славните деведесетти, а во тоа ѝ помогна и долгата, волуменозна руса коса што се спушташе до струкот.


„Никогаш не изгледала подобро“, забележаа некои, иако имаше и коментари во стилот дека „Оземпик прави чуда“, алудирајќи на лекот благодарение на кој Холивуд никогаш не бил послаб.

Дали и музичката дива потклекнала на „оземпикоманијата“? Се чини дека сепак не, бидејќи лицето би ја открило. Имено, експерти од областа на медицината и естетиката сметаат дека, покрај губењето килограми, овој лек за дијабетес може да доведе и до несакан ефект – деформирано, речиси непрепознатливо лице. Мараја Кери, според сè, се потпрела на други методи.


На фановите своевремено им ја спомена таканаречената „виолетова диета“, истакнувајќи дека „веројатно нема на сите да им се допадне“. Имено, тогаш ослабела 30 килограми така што три дена неделно јадела само храна со виолетова боја, како сливи, грозје, модар патлиџан, цвекло и боровинки. За таа нијанса е одговорна високата концентрација на антоцијанини, моќни антиоксиданси, па станува збор и за прилично здрав начин на слабеење. Во секој случај, сега изгледа – одлично!