Минчев на средба со амбасадорката на Грција: фокус на јакнење на капацитетите за стручно усовршување

Макфакс

16/04/2026

16:07

155

Големина на фонт

а а а

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска во просториите на Министерството оствари протоколарна средба амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на реформите и модернизацијата на јавната администрација.

Соговорниците се осврнаа на можностите за продлабочување на партнерството преку размена на искуства и добри практики, како и преку користење на европските програми за поддршка на институционалниот развој.

Посебно внимание беше посветено на воспоставувањето и развојот на Академијата за јавна администрација, како значаен сегмент во градењето професионална, ефикасна и департизирана јавна служба. Во тој контекст, беше изразена подготвеност за соработка и размена на експертиза во делот на обуките, стручното усовршување и развојот на административните капацитети.

Министерот Минчев ја истакна важноста од континуирана соработка со Република Грција како сосед и партнер, нагласувајќи дека ваквите средби придонесуваат за зајакнување на меѓусебната доверба и за унапредување на реформските процеси во јавниот сектор.

„Министерството за јавна администрација ќе продолжи активно да ја унапредува меѓународната соработка и да вложува во јакнење на институционалните капацитети, со цел обезбедување поквалитетни, поефикасни и подостапни услуги за граѓаните“, се наведува во соопштението.