Ова е една од почестите теми кои можат да се чујат помеѓу граѓаните е цената на становите, и огромната понуда на пазарот, особено новоизградени станови.
Континуирано веќе неколку години по ред цената на становите расте, а новоградби има буквално на секое ќоше. Но, последните податоци на Државниот завод за статистика покажува дека е забележан пад од над 10 отсто на годишно ниво. Анализираниот период се однесува на месец февруари годинава споредено со вториот месец од 2025 година.
Официјалните податоци велат дека во февруари 2026 година се издадени 244 одобренија за градење, што е за 10.3 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Информациите од извешатјот покажуваат дека според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 14 476 578 илјади денари, што е за 195.4 повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
„Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на ветерен парк за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет до 132 MW на територија на Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Карбинци.
Целосниот текст прочитајте го ТУКА.








